Владата која заедно со нејзините пропагандни сателити тврди дека се бори против лажните вести е фатена како ја лаже јавноста за европските интеграции.
Како што се пренесува на социјалните мрежи познат уредник од национална телевизија открива дека владино соопштение за јавност за посетата на вицепремиерот Фатмир Битиќи граѓаните се грубо излажани за процесот на евроинтеграции.
Според владиното соопштение, како што наведува во својот пост на Фејсбук новинарот Боби Христов од Телма, јавноста се дезинформира дека Битиќи за време на посета на Брисел отворил две нови поглавја од наводните преговори со ЕУ.
Оваа вест објавена од владата е лажна затоа што во оваа фаза од евроинтеграциите, таканаречениот скрининг, не е можно да се отвараат поглавја.
Посебна лажна вест е што власта зборува за отворање поглавја а сите знаат дека без промена на уставот за влез на Бугарите нема да биде отворено ниту едно поглавје во преговорите со Унијата.
#новинаров вика, #СДС лажат дека преговараме со #ЕУ, знаеме бе другар, знаеме, они датум за датум кога добија пред 5 год, од тогаш преговараат со ЕУ!! #Лажат и #Крадат ете тие поглавја ги отвараат секој ден pic.twitter.com/8MzuerEe3E
— КајМакамот (@KajMakamot) March 4, 2023






