Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи наведува две причини зошто внесувањето на бугарското малцинство во Уставот е важно:
„Прво затоа што дава насока како ќе се постават македонско-бугарските односи долгорочно во иднина. Додека се обидуваа, Република Бугарија пред се, тие односи да ги става во историски контекст, ние најдовме решение дека тие односи ќе се постават на начин на комуникација меѓу две заедници, мнозински македонски народ и малцинска бугарска заедница, коишто живеат во еден нормален соживот во Република с. Македонија. Така ќе се трасира и патот на односите меѓу двете земји, на двата народа“, вели министерот во интервју за Рацин.мк.
Решавањето на ова прашање на ваков начин, истакнува Османи, е важно за втората причина, односно за да продолжи процесот на преговори за членство во Европската Унија.
„Ние ќе мора да постигнеме надпартиски консензус, да ги оставиме оставиме интересите на дневната политика, да седнеме и да ги анализираме сите аспекти про ет контра за уставните измени. Ве уверувам дека и на експертско и на политичко ниво, и на било кое друго ниво, ќе доминираат аргументите „за“ за уставните измени бидејќи тие се во наш интерес“, потенцира Османи.
Интервјуто на следниот ЛИНК







