Таравари не е потресен што негова сопартијка премина во „огнените“

По објавата на Изет Меџити дека членка на Централното собрание на Алијансата за Албанците, Роланда Превала Кадриу, се приклучи на неговата таканаречена „огнена група“ во ДУИ, лидерот на АА, Арбен Таравари со смирен одговор.



„Секој си одлучува каде ќе продолжи. Стотици нови членови ни доаѓаат и по некој си оди. Редовно во сите партии има членови, кои доаѓаат и си одат. Тоа е нормална појава“, ијави Таравари за „Фокус“.

„Огнената група“ од ДУИ, предводена од Меџити и Муса Џафери самостојно делува во Собранието поради несогласување со Али Ахмети околу позициите на Артан Груби во партијата и владата.