Со оглед на актуелната криза со „замрзнатиот“ леб, медиуми потсетуваат што зборуваше екс-премиерот Зоран Заев за лебот и НАТО пред речиси 4 години, пророчки најавувајќи дека членствотио во Алијансата ќе донесе пари во Македонија:
Остана запаметена неговата изјава од 30 апртил 2019-та:
„Пред неколку часа дојдов од Берлин, тука прво ќе ја соопштам прво веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значат пари, фондови, систем, перспективи.
НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб.
Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО“, се обрати Заев на митинг во Шуто Оризари, во пресрет на претседателските избори каде го промовираше кандидатот Стево Пендаровски.







