Роланда Превала Кадриу, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците, се приклучи на „огнените“ од ДУИ, објави предводникот на оваа група, Изет Меџити, кој воедно е и потпретседател на интегративците.
„Имаше средба меѓу мене и госпоѓата Роланда Превала Кадриут, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците која гордо се приклучи на каузата што ја водиме“, напиша Меџити на Фејсбук.
„Огнените“ пред три дена одржаа голем митинг во Чаир во преполната сала „Шабан Трестена“ од каде упатија остри пораки кон врвот на партијата, а особено кон Артан Груби за кој инсиситираат да си даде оставка од вицепремиерската позиција и да ја наушти ДУИ.







