Tоа ќе значи дека сум згрешил, нека ме разрешат

Потпретседателот на Собранието и член на раководството на Алтернатива, Хисни Исмаили за весникот „Слободен печат“ демантира дека доцнењето со оставката на потпретседателот на Собранието е сигнал дека партијата прави калкулации за враќање во Владата.
„Нема да поднесам оставка од функцијата потпретседател на Собранието, бидејќи тоа ќе претпостави дека сум згрешил. Подобро да ме разрешат, мнозинството може да ми направи интерпелација. По гласањето за реконструкција на Владата, секојдневно се зголемуваа повиците на Владата дека на Алтернативата во Владата и е отворена вратата, бидејќи првично имаа мнозинство од 65, па 64, а за разрешување на Заменици министри, мнозинството падна на 62 пратеници. Сега гледаат дека им недостига Алтернатива, а дозволија губење на тројца пратеници за тројца директори“, вели Исмаили.
Тој вели дека партијата по напуштањето на владата не разговарала за нејзино евентуално враќање и дека приоритет им е консолидација на партијата.





