Во подгоричкиот суд утрово експлодирала бомба, за која се претпоставува дека била активирана од лице кое починало.



Според првичните информации од полицијата, едно лице ја активирало бомбата на влезот во судот. Има повредени.

Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе. На терен се екипи на Брза помош, полиција и противпожарна единица.

Од зградата во која се сместени Врховниот, Вишиот и Апелацискиот суд во Подгорица вчера беа евакуирани вработените поради дојава за поставена бомба.

„Зградата се евакуира поради дојава за бомба“, изјави Марија Раковиќ, независен советник за односи со јавноста на Вишиот суд во Подгорица, пренесе вчера „Танјуг“.