Руски тајкун: Русија догодина ќе остане без пари

Олег Дерипаска, еден од најбогатите руски бизнисмени предупредува дека финансиските проблеми во кои се наоѓа Русија би можеле да кулминираат во 2024 година и апелираше за помош до пријателските земји, пренесе Blumberg.



„Нема да има пари следната година“, изјави олигархот Олег Дерипаска вчера на Економскиот форум Краснојарск во Сибир, пренесоа руските медиуми. „Ќе ни требаат странски инвеститори.

Според Форбс, 55-годишниот алуминиумски тајкун и индустријалец Дерипаска беше најбогат човек во Русија со 3,2 милијарди долари и беше деветти најбогат човек во светот во 2008 година, пред финансиската криза.

„Многу е тешко. Правилата на играта се различни“, рече Дерипаска.

„Ако правилата на СТО [Светската трговска организација] не важат за руските претприемачи, тогаш мораме да се префрлиме на билатерални договори. Ќе има проблеми со пресметките, притисокот од санкциите ќе биде тежок“.