Мизрахи до Ковачевски: Знаете ли зошто бевте трет предлог на Заев, ,,Буки” го видел францускиот предлог

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи отвори низа прашања и дилеми од пратеничката говорница од каде му се обраќа на премиерот Ковачевски кој предходно се пофали дека бил искусен и не се плашел како премиер затоа што предходно бил директор.



Според информациите на Мизрахи премиерот Ковачевски бил дури трет предлог на екс шефот на владата Зоран Заев и за него Ахмети дал согласност во 21,15 минути навачер дури откако двајцата други предлози за премиер не поминале.

Мизрахи го прашува Ковачевски што станало со заменикот министер за финансии кој постојано седел со ,,вмровците” и зошто многу често го посетувал седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката вели дека премиерот воопшто не го прочитал таканаречениот Француски предлог затоа што ,,Буки (Бујар Османи) го прочитал” потсетувајќи го Ковачевски дека имало и други примери каде премиери страдале од своите министри за надворешни работи.

Целото обраќање на Мизрахи за кое нема демант од Ковачевски во видеото