Статуата на „Малата Сирена“, заштитен симбол на данската престолнина Копенхаген, беше вандализирана минатата ноќ откако на пиедесталот беше нацртано руско знаме.



Непознат сторител нацртал руско знаме на каменот на кој стои статуа посветена на бајката на Ханс Кристијан Андерсен во пристаништето во Копенхаген, објави Асошиетед прес.

Данската полиција објави дека отворила истрага за сквернавењето на споменикот, со кој сторителот очигледно сакал да ја поддржи Русија во моментот на нејзината агресија врз Украина.

Бронзената статуа е поставена во 1913 година на релативно изолирано шеталиште и е редовна цел на различни протестни акции.Така, во 1964 година, Малата сирена за прв пат остана без глава и нејзината оригинална глава не беше пронајдена.

Во 1998 година, вандалите повторно ја обезглавија сирената, а во 2003 година беше цел на експлозија.

Вандалите ја фарбаат сирената во разни бои за да го изразат своето несогласување, на пример со ловот на китови, а во 2020 година на скулптурата се појави мистериозниот натпис „расистичка риба“.