Меган и Хари потврдија дека кралот Чарлс ги избркал од кралската резиденција Фрогмор Котиџ во Виндзор, куќата на која им била адресата во Обединетото Кралство, пренесоа медиуми
„Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс се замолени да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор Котиџ“, изјави нивниот претставник за медиумите.
Омид Скоби, еден од авторите на биографијата на Хари и Меган, вели дека одлуката на кралот уследи по објавувањето на Хари на неговата книга-контроверзни мемоари во јануари.
Тој тврди дека на парот им било кажано дека некој друг треба да живее во резиденцијата. Односите меѓу кралското семејство и Хари и Меган, додава Скоби, се полоши од кога било.





