Додека граѓаните на Македонија мака мачат да обезбедат леб за министерот за земјоделие Љупчо Николовски сите патишта водат кон италијанскиот град Болоња на саем за вино.
,,🍷Сите патишта водат до Болоња, каде се одржува второто издание на големиот саем за вино Slow Wine Fair 2023, три дена во знак на вино, кое во Италија го има третманот на Божјиот пијалок”, пишува Николовски кој е еден од главните владини играчи кои треба да обезбедат леб за граѓаните.
По мерка на владата наменета за мелничарите кои се во ингеренциите на Николовски како министер за земјоделство во продавниците нема леб.
🍷Сите патишта водат до Болоња, каде се одржува второто издание на големиот саем за вино Slow Wine Fair 2023, три дена во знак на вино, кое во Италија го има третманот на Божјиот пијалок. pic.twitter.com/Jzxhkm9TsD
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) March 1, 2023





