На Сирхан Сирхан, убиецот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди, пак му беше одбиено барањето за помилување, две години откако комисија препорача да биде ослободен, објави Си-Ен-Ен
Во 2021 година, одборот за условно ослободување се согласи со адвокатите на убиецот Сирхан Сирхан дека тој повеќе не е опасност за јавноста.
Но, гувернерот на Калифорнија се вклучи за да ја поништи одлуката.
Тоа беше 16-то одбивање на условно ослободување на Сирхан.
Сирхан беше осуден за убиство на 42-годишниот сенатор Роберт Кенеди, брат на претседателот Џон Ф. Кенеди, во кујната на хотелот Амбасадор во Лос Анџелес на 5 јуни 1968 година.
Државата Калифорнија ја укина смртната казна и му ја преиначи казната во доживотен затвор.






