„Трагична човечка грешка“, е причина за најтешката железничка несреќа во историјата во Грција, изјави премиерот на земјата Киријакос Мицотакис.
Премиерот Мицотакис зборуваше по посетата на местото на верижниот судир меѓу патнички и товарен воз кој се случи во вторникот вечерта и во кој загинаа 45 лица.
Локалниот шеф на железничката станица беше обвинет за убиство од небрежност, а грчкиот министер за транспорт поднесе оставка.
По посетата на локацијата, Мицотакис рече дека сè укажува на „трагична човечка грешка“.
„Судот ќе си ја заврши работата – рече тој во телевизиско обраќање и додаде дека „… ќе одговараат, а државата ќе биде на страната на народот“.
59-годишниот шеф на станицата задолжен за сигнализација е уапсен и обвинет за убиство од небрежност. Тој денеска ќе биде изведен пред истражителите и признал дека направил грешка, јавува ЕРТ.
За време на распитот, тој наводно рекол дека „можеби погрешно постапил“. Тој исто така истакна дека „имал многу работа“ и дека е „уморен и презаситен“.
Синдикатoт на железничарите за денеска најави штрајк./
Тие предупредуваат на лошата состојба на железничката инфраструктура хроничните проблеми, вклучително и недоволно персонал, неисправни сигнали и застарени капацитети.






