Прв пат без леб откако сме во НАТО, НиеСмеПропадНАТО (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Твитот на денот денеска го коментира недостатокот на леб во продавниците откако владата ја лимитира цената на основниот прехрамбен артикл на 33 денари по што производителите одбија да го прават и да го дистрибуираат.



Твитот се шегува дека ова е прв пат Македонија да остане без леб откако е земја членка на НАТО иако алијансата не ни е крива што владата не може да го реши релативно малиот проблем со цената на лебот.

Во духовитиот коментар авторката се шегува со хаштагот WeAreNATOpropadnato односно НиеСмеНАТОпропадНАТО