Невработеноста во Русија го достигна историскиот минимум

Стапката на невработеност во Русија во јануари 2023 година го достигна историскиот минимум од 3,6 проценти и е 0,1 отсто пониска во споредба со декември, соопшти руската статистичка агенција Росстат.



Невработеноста во Русија минатата година пет пати го достигнуваше историскиот минимум. До јануари оваа година последниот минимум беше забележан во ноември 2022 година – на ниво од 3,7 проценти, а оваа бројка остана и во декември.

Во јануари 2023 година околу 2,7 милиони луѓе на возраст од 15 и повеќе години беа класифицирани како невработени (според методологијата на Меѓународната организација на трудот). Ако во декември вкупниот број на невработени беше 2,775 милиони луѓе, тогаш во јануари тој беше на ниво од 2,734 милиони.

Работната сила на возраст од 15 години и повеќе, според Росстат, во јануари 2023 година изнесувала 75,6 милиони луѓе.