Изборот на Македонија за следната средба со Вучиќ е симболичен – Милошевиќ капитулира во Куманово, вели Курти!

Косовскиот премиер Албин Курти од Скопје, каде што беше присутен на Економскиот форум, го прокоментира изборот на Македонија за неговата следна средба со српскиот претседател Александар Вучиќ на 18 март во рамките на дијалогот Белград – Приштина на високо политичко ниво.



„Да не заборавиме дека на 9 јуни 1999 година во Куманово е потпишана капитулацијата на Југославија на Милошевиќ и влезот на силите на НАТО. Мислам дека овие симболични елементи на Северна Македонија биле важни за високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, да нè повика во Македонија на следниот состанок“, изјави Курти.