Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, го скицира актуелниот миг во Македонија.
„Тонеме во корупција,
во ѓубре,
во криминал,
во секојдневни скандали,
во секакви кризи (економска, енергетска, здравствена, политичка, безбедносна…),
дивоградби,
децата го губат и онака осакатеното образование што поради дезорганизираност за време на корона, што поради недостиг од учебници, што поради дојави за бомби,
дишеме ракче и чекаме да дувне за да земеме здив,
се шетаат лудаци со пушки среде бел ден и убиваат кучиња,
се лечиме по СМС-пораки,
горат живи луѓе во болници и автобуси,
луѓе умираат од инфекции по рутински зафати во болница,
протестираме за лек, за плата, за леб,
сите се со спремни куфери да заминат.
Само погледнете околу себе.
Колапс.
Труло.
Гној.
Важно ќесите немаат рачки, не плаќаме РДТ и влеговме во НАТО.
Европа?! Едвај нè чека.
#блескаме“, коментира професорката на Фејсбук.






