Од денеска поскапеа лековите кои не се на товар на Фондот за здравство, а од фармацевтските компании велат дека поскапувањето на лековите без рецепт се должи на поскапувањето на суровините.
Цените на лековите што се издаваат или продаваат без лекарски рецепт како витамини, минерали, препрати за третман на болка, затнат нас и слично се формираат слободно и не подлежат на регулирање.
Нема зголемување на цени на лекови од позитивната листа, соопштуваат од Министерството за здравство за МИА, одговарајќи на прашањето дали поскапуваат лековите што не се на товар на Фондот за здравство.







