Руски шпион обучувал украински војници

Украинските власти соопштија дека е уапсен човек кој се инфилтрирал во украинските сили и како инструктор, обучувал украински војници, но всушност, тврдат тие, е руски шпион.



Украинската безбедносна служба соопшти дека мажот бил уапсен во Миколаев, јужна Украина, откако било откриено дека собирал разузнавачки информации за Русија.

Шпионот, како е соопштено, имал задача да пренесе информации за распоредувањето на украинските одбранбени сили и локациите на базите со оружје и муниција што Русија би ги таргетирала во ракетните напади.

Контраразузнавачите го разоткриле рускиот агент пред тој да пренесе каква било информација, тврди украинската служба за безбедност.