Одбојкарската селекција на Македонија ги доби селекциите на Австрија, Летонија и Косово во групата за следното издание на Европската лига. Распоредот не е направен, а допрва ќе се одредуваат и домаќините на двата турнира, но јасно е дека Австрија треба да ни биде најголем опонент според рејтинзите и искуствата, бидејќи со нив лани игравме во полуфиналето од ова натпреварување (победивме во Варна со 3-0). Сознанијата за Летонија и Косово ни се скромни зошто немаме дуели со нив. Всушност со северните соседи тоа до сега било и невозможно зошто ова за нив е прво учество во Европската лига откако ЦЕВ (Европската одбојкарска федерација) лани ги прими како свој член.
Нам пак, искуството од кошарката не ни е најдобро со косоварите зошто летово во квалификациите за СП загубивме на гости, а тешки ги добивме дома.