Eден ден откако Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, граѓаните наидоа на празни рафтови.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера кажа дека цената на лебот се замрзнува бидејќи компаниите не ги намалиле цените на основните производи и покрај антикризните мерки на Владата. Исто така, Владата им ја укина и субвенционираната цена на струјата.
Производителите на леб во понеделникот на прес-конференција рекоа дека ќе престанат со производството ако Владата ја замрзне цената.
Граѓаните лути на ситуацијата:
„’Нема леб у оваа држава’; ‘Владата си го одржа зборот, ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб!’; ‘Пекарската индустрија исто така си достоја до зборот, нема леб по рафтовите во продавниците’;
Си ги ‘мерат’ врз грбот на народот’;
‘Ако у сред криза малите пекари можеа да продаваат евтин леб, можат и големите’;
‘Малите испаднаа народни луѓе’;
‘Плачењето не ви помага, не е ова прво воено профитерство на овие простори, многу добро знаеме како функционира тоа’“, се само дел од реакциите на Твитер, што ги пренесе 360 степени.







