Бугарската полиција уапсила 18-годишен ученик кој нелегално превезувал мигранти.
Младиот човек е обвинет дека за да прибави имотна корист за себе, илегално им помогнал на 57 мажи – државјани на Авганистан, илегално да ја преминат земјата, јавуваат бугарски медиуми.
Со 18-годишниот С.С. контактирало лице кое му понудило да превезе мигранти до границата на Бугарија со Србија, за што ќе добие 10.000 лева. Тој прифатил.
Во друга полициска акција задржан е камион полн со илегални мигранти кај Драгоман, јавува bTV.
Според првичните информации, биле превезувани повеќе од 30 лица.
22 од мигрантите биле хоспитализирани во различни болници во Софија поради смрзнатини и дехидрација.
Камионот го управувал турски државјанин, возилото е со турска регистрација. Возачот е приведен.






