Хасани: „Да бев Артан, веднаш ќе си поднесев оставка“

.



По собирот на „Огнената група“ во Чаир на кој повеќе од 2.000 граѓани побарале Груби да си поднесе оставка, заменик министерот за одбрана во заминување, Башким Хасани, во емисијата „200“ на Алсат побара од вицепремиерот Артан Груби веднаш да го стори тоа

„Да бев како Артан, и да се одржи митинг во мојот огранок како оној во Чаир, немаше да чекам претседателот да ми каже да останам дома или да одам на работа, туку ќе се јавев кај претседателот и ќе му кажев, во твој интерес и во интерес на партијата  останувам дома.

Ако над 2.000 граѓани од вашиот огранок се соберат и ти бараат оставка, треба да заминеш“ рече Башким Хасани.