Финска денеска гласа за влез во НАТО, дали ќе ја чека Шведска!?

Претставниците во финскиот парламент денеска ќе гласаат за прием на земјата во НАТО алијансата.



Се очекува законот да биде прифатен со големо мнозинство.

Доколку биде изгласан, тоа ќе и овозможи на Финска брзо да реагира во случај на очекувана ратификација од Турција и Унгарија, иако Финска во тој момент нема да има формирана влада по парламентарните избори во април.

Усвојувањето на законот ќе значи и дека ќе се постави рок до кој Финска ќе ја чека соседна Шведска во врска со приклучувањето кон Северноатлантскиот договор.

Да потсетиме, Финска има копнена граница со Русија во должина од 1.340 километри и најави изградба на жичена ограда висока три метри во должина од 200 километри.