Утрово дел од маркетите во скопската населба Аердром не добија бел леб. На полиците имаше самo вчерашени леб што дистрибутерите утрово го донеле, јавува МКД.Мк.



Вчера Владата ja замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи.

Претставниците на пекарската индустрија најавија дека ќе го прекинат производството на лебот, но дека ќе причекаат одлуката на Владата да излезе во Службен весник, па потоа ќе се реализира најавата за прекин на производството.

Но, од утрово се чини некои од пекарите почнаа да ја спроведуваат одлуката на групацијата.