Трансродова жена која го променила полот додека го чекала судењето за силување две жени е осудена на осум години затвор.
Исла Брајсон нападна две жени во 2016 и 2019 година, додека сè уште беше маж по име Адам Греам.
Брајсон,(сега жена), најпрво била приведена во женски затвор, но била преместена во машки затвор откако протестирале активисти, политичари и експерт за човекови права на Обединетите нации, пишува Би-би-си.
Сопругата на Брајсон, Шона Греам (31) вели дека ја гледа како маж, која злосторството го извршила како маж.
„Верувам дека Брајсон се надевал(а) дека ќе ја отслужи казната во женски затвор бидејќи ќе му биде полесно, но планот не успеа.
Не можете да извршите кривично дело како маж, а потоа да го промените полот откако ќе бидете обвинети. Знаете дека сето тоа е голема измама“, рече Греам.






