Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина ќе стане членка на НАТО „долгорочно“.
„Сојузниците во НАТО се согласија Украина да стане членка на нашата алијанса, но тоа е и долгорочна перспектива“, изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на главниот град на Финска.
Столтенберг зборуваше и за приемот на Шведска и Финска во Алијансата и посочи дека има напредок во преговорите со Унгарија и Турција по ова прашање, но додаде дека не може да каже точен датум кога Шведска и Финска би можеле да станат членки.
„Немаме точен датум, но се надеваме дека тоа ќе биде што е можно поскоро“, рече Столтенберг на прашањето кога Шведска и Финска ќе станат полноправни членки на Северноатлантската алијанса.
Тој рече дека е оптимист во пресрет на средбата на Турција, Шведска и Финска во Брисел следната недела.






