Пендаровски тврди дека се води од принципите на правда и правичност

Претседателот Пендаровски тврди дека се води од принципите на правда и правичност додека во затворите лежат луѓе осудени на речиси дведецениски затворски казни за кои и тој знае дека не се праведни.



,,Водени од принципите на правдата и правичноста да се стремиме да градиме општество во кое и најранливите меѓу нас ќе ги уживаат човековите права и слободи. Да живееме едни со други независно од нашите разлики”, порача Пендаровски од конференција на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Според последната анкета на Маркет Вижн Пендаровски има рекордно ниска доверба од граѓаните од само 0,3 проценти.