Универзитетската професорка Билјана Ванковска во својата колумна „Понижени“ во весникот „Нова Македонија“ се осврна на состојбата во Македонија во контекст на вчерашното одбележување на Меѓународниот ден на човековите права.
„И конечно, состојбата со човековите права! Како што убаво посочи Венко, како да славиш човекови права во време кога Македонија е како банана-државите, во кои се притвораат уметници за наводно учество во терористички напад врз уставниот предок? А ни ПЕН, ни Хелсиншки комитет, изустија нешто. Главната дебата (ако воопшто и ја има) се води околу колективните права, кои ги потиснаа индивидуалните на маргините. Притоа, молкот е заглушувачки! Професори велат дека нема национална гордост ако не сте во ЕУ и НАТО (!?) и како очекуваат ‘пацификација на политичката јавност во врска со прифаќање на промена на името’! Пацификација е поубаво име за замолчување, пасивизирање, лоботомија, за прифаќање на наметнатото“, напиша Ванковска во колумната.





