
Силно невреме со град и дожд ја зафати Струмица.
На видео снимка објавена од локалниот медиум „Струмица денес“ се гледа како големи парчиња град „пливаат“ по улиците кои се поплавени.
Струмичани велат дека вакво невреме не паметат.
Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица на својот фејсбук статус напиша :
„Вечерва Струмица, особено во делот на улица „Млaдинска“ повторно е жртва на лошата аатмосферска канализација, несоодветната инфраструктура но очигледно и слабото одржување на канализацијата. Вечерва времето потсетува дека главната задача на политичарите е да се грижат за генералните проблеми, а другите задачи се споредни“, напиша Дрвошанов.





