Новинарот и екс функционер на СДСМ Зоран Иванов со понуда до граѓаните која води или до влез во ЕУ или до крвава иднина на Македонија.
Иванов понудата ја објавува откако партијата Алтернатива најави барање за формирање на Заедница на албански општини во Македонија но тој не прецизира за кого точно зборува кога вели националисти.
Идејата за заедница на албански општини ја поддржаа и функционери на ДУИ кои се во власта со партијата СДСМ која ја поддржува Иванов но тој не ги споменува конкретно туку зборува за националисти.
,,И националистите почнаа да го цртаат македонскиот етно гоблен па сега бирајте:
По патот на ЕУ или пак по сокакот на македонската крвава свадба!!”, пишува во заканувачка порака Иванов.
Реакциите кои Иванов ги добива на својот твит јасно укажуваат дека тој не може да ја изманипулира јавноста во перфидниот обид вината да ја префрли на македонската опозиција.
Националистите почнаа да го цртаат македонскиот етно гоблен па сега бирајте:
По патот на ЕУ или пак по сокакот на македонската крвава свадба!!— Zoran Ivanov (@ivanov_zoran) February 26, 2023






