Дурловски доби поддршка и од тенорот од светски глас Ворен Мак

Ворен Мак, оперски пејач од светски глас, основач и уметнички директор на Операта во Хонгконг, како и уметнички директор на Меѓународниот музички фестивал во Макао, му испрати порака со поддршка на притворениот македонски колега Игор Дурловски.



„Ги поддржувам твојот начин на изразување на твојата слобода на говорот и на љубовта кон твојата татковина. Со почит, Ворен Мак од Кина“, стои во пораката на 58-годишниот тенор испратена на вчерашниот Меѓународен ден на човековите права.

Мак од своето европско деби во „Дојче опера“ во Берлин во 1987 година има изведено 50 оперски ролји во најпознатите светски оперски куќи. Во 2008 година од Владата на Италија доби орден „Витез на Редот на италијанската солидарност“, а таа година Владата на Франција му врачи орден „Витез на уметноста и на писменоста“.