Високиот претставник во Босна и Херцеговина практикува модерен облик на колонијализам среде Стариот континент, а овластувањата на германскиот дипломат не подлежат на државна јурисдикција.



Ова го пишува Frankfurter Allgemeine Zeitung, (ФАЦ). во критички ориентиран текст насловен „Кристијан Шмит, крал на Босна и Херцеговина“.

Во образложението ФАЦ тврди дека поранешниот германски министер за земјоделство од август 2021 година ја извршува „веројатно најчудната политичка функција што можете да ја имате во Европа“ и дека тој е „убедливо најмоќниот човек во земјата, барем на хартија“, пренесува Ал џезира.

Се наведува дека овластувањата на Шмит се автократски бидејќи тој може да отпушта државни службеници и демократски избрани политичари, да донесува закони или да ги прогласи за ништовни и дека ниту една институција не може да го спречи.

Германскиот весник наведува дека „квазидиктаторските овластувања“ дадени на високите претставници од западните сили во БиХ на почетокот биле оправдани, но тоа било пред повеќе од четвртина век.

Се наведува дека оттогаш во Босна и Херцеговина немало никакви етнички конфликти и дека грубите овластувања на високиот претставник повеќе не одговараат на земјата на која се однесуваат.

Високиот претставник се’ уште има овластувања како Босна и Херцеговина да е „карипска плантажа за шеќер од почетокот на минатиот век“, пишува весникот со сеиште во Франкфурт.

Вистински скандал е што тој воопшто може да го прави тоа, бидејќи додека Европа со срам гледа на својата колонијална историја, Шмит практикува модерна форма на колонијализам среде Стариот континент.

„Босна и Херцеговина е далеку од совршена држава, но и покрај нејзините недостатоци, таа е демократија. Земјата е долги години членка на Советот на Европа, таму нема политички затвореници, никој не е измачуван во затворите во земјата. Во таа земја е безбедно да се критикуваат сите партии, има шарена медиумска слика, а се одржуваат регуларни демократски избори на сите нивоа. А промените на власта се мирни.
Со кое право таква земја има недопирлив гувернер со целосни овластувања?“, прашува ФАЗ.

Германските весници потсетуваат дека Венецијанската комисија, тело на правни експерти советувани од Советот на Европа, пред речиси 20 години истакна дека улогата и овластувањата на високиот претставник се некомпатибилни со демократските принципи.

Парламентарното собрание на Советот на Европа уште во 2004 година во резолуција тврди дека таквите сеопфатни овластувања без никаква одговорност не се во согласност со демократските принципи.

Поранешниот шведски премиер Карл Билт, кој беше висок претставник во Босна и Херцеговина од 1995 до 1997 година, и кој побара да се укине Канцеларијата на високиот претставник .

„На крајот на војната, никој не помислувал дека оваа Канцеларија сè уште ќе постои четврт век подоцна“, рече тогаш Билт.