Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, а според првите проценки на властите едно лице загина, а повеќе од стотина се повредени.
Земјотресот е регистриран во 12:04 часот по локално време, тврди Анадолија.
„Има урнати згради и нашите тимови за пребарување и спасување се испратени во регионот“, соопшти АФАД.
Надлежните тврдат дека во земјотресот се урнале 29 згради.
Најмалку 103 лица се повредени, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, кој додаде дека тие се згрижени во здравствени установи.






