Српскиот претседател Александар Вучиќ упати смирувачка порака пред неговото заминување во Брисел каде треба да има средба со косовскиот премиер Албин Курти.



„Нема да има капитулација, Србија ќе победи“, објави Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил..

„Ниту ќе има капитулација, ниту ќе има враќање во деведесеттите. Србија ќе оди напред, ќе успееме да се бориме“, рече Вучиќ.

„„За 15 минути заминуваме за Брисел, ги завршивме последните подготовки. Сакам да му се заблагодарам на оној дел од Србија кој има доверба во својот државен врв и верува дека ќе направиме се што е најдобро за нашата земја.

А, тие што однапред се подготвуваат да не нападнат дека ќе потпишеме нешто, затоа што така ќе бидеме предавници, а однапред знаат дека сме виновни и дека се враќаме во деведесетите, можам само да им кажам да не се грижат. “, изјави Вучиќ., вели Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.

Вучиќ и Курти ќе се сретнат во Брисел, а се очекува на маса да се најде и европски предлог за решавање на косовското прашање, поддржан од САД.

Како што е најавено, tie прво ќе се сретнат одделно со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Во 15 часот се очекува заедничка средба, објави Гласот на Америка.