Ексшефот на Одделот за координација во УБК, Тони Јакимовски, еден од обвинетите во случајот „Таргет-Тврдина“ денеска не беше спроведен во Кривичниот суд поради што се одложи денешното роичиште за повтореното судење за предметот за масовно прислушкување.
„До обвинетиот била пуштена покана, ја примил уредно. Но, наредба нема стигнато. Со доставницата не е пуштена и наредбата. Останува судењето за утре“, изјави судијата Илија Трпков.
Предметот „Таргет – Тврдина“ е на пат да застари, а одговорност за масовното прислушување да нема. Кривичниот суд рече дека Трпков планира да го стави судењето на брза лента, со зголемена динамика на рочиштата. Следното судење е закажано за утре, но одржувањето е неизвесно.
НМа денешното рочиште сепак се појавија сите други обвинети вклучувајќи ги Сашо Мијалков, спроведен од затворот во Струга и Гордана Јанкуловска од затворот „Идризово“.






