Професорката Гордана Силјановска Давкова во својата анализа во собранието му објаснува на премиерот Ковачевски зошто не смеел да прави реконструкција во последната година од мандатот на владата.
Таа вели дека по три години од владата се менуваат само членовите на владата кои се дел од голем скандал како на пример заменикот мимистер за внатрешни работи Назим Буши кој призна дека некој му платил спиење во соба вредна илјадници евра во луксузен хотел во Истанбул.
Други поенти од ,,часот” по владеење од професорката за премиерот:
📌 Ако во последната година зборувате за реформи, не сте направиле никакви реформи во претходните 3 години❗
ℹ️ Ако нема ефикасна влада, ако нема квалитетна влада, ако не може премиерот да си го познава и да му верува на тимот тогаш во игра се пазарни механизми.
🔴 Крајно време е да се стандардизираат биографиите на министрите и на заменик министрите.
✅ Оксиморон е да сметате дека некој што до вчера бил антиевропјанин, а од утре ќе влезе во владата ќе стане проевропјанин.
✅ Оксиморон е да сметате дека некој што бил во Алтернатива, до вчера бил во европскиот фронт, а од денес ќе биде во антиевропскиот фронт.
✅ Најоксиморон е да тврдите дека реформа е можна за 10 месеци, за 10 месеци не можете да направите ништо.
📖 Оваа држава во сите книги во моментов е партитократска држава.
👫 Млади со ваква држава немаат иднина.





