Една од високите позиции во владините институции која сака да ја добие Алијанса за Албанците е заменичко директорско место во Бирото за јавна безбедност при МВР.
Пред влезот во владата на преговарачкиот тим на Таравари од страна на СДСМ му било речено дека таа позиција која десетина години ја имаше ДУИ да и припадне на Алијанса на Албанците.
Очекуваме Алијанса да го добие и заменикот директор на БЈБ каде досегашниот функционер Ариф Асани од ДУИ треба да биде заменет од Арбен Јашари од Алијанса, велат извори во Алијансата за договорот со СДСМ и ДУИ.
Извори во ДУИ велат дека имало начелни разговори за оваа позиција во МВР но дека ништо не било дефинирано и дека допрва ќе се прават финални конкретни договори за високата полициска позиција.
Позицијата заменик директор во БЈБ е важна во предизборниот процес затоа што таа ја координира работата на полицијата при случаи на спречување на предизборна корупција и изборно насилство.
Предходно оваа функција била ветувана на Алтернатива но оваа партија никогаш не доби свој заменик директор на БЈБ.






