Најмалку 30 лица загинаа во близина на источниот брег на италијанската провинција Калабрија во бродолом на брод со мигранти, објавија утринава АНСА и други италијански новински агенции.



Дваесет и седум тела биле пронајдени заглавени на брегот во Стекато ди Кутро, во близина на јужниот италијански град Кротоне, а неколку биле забележани во морето, јави АНСА.

Новинската агенција „Аднкронос“ јави дека на бродот со мигрантите се наоѓале повеќе од 100 луѓе и дека околу 50 од нив биле спасени.
Бродот, кој превезувал мигранти од Иран, Пакистан и Авганистан, удрил во карпите при неповолни временски услови.