Аналитичарот и поранешен министер за финасии, Џевдет Хајредини реагиара на оптимизмот на помладиот колега- министер за финасии Фатмир Бесими кој верува дека може да се намали јавниот долг на државата:



„Независно од тоа што сите меѓународни финансиски институции ги поздравуваат законот за буџети и реформите кои ги носи, со “ново задолжување за раздолжување”, со камата повисока од стапката на раст на ДБП, пари за нови инвестиции ќе нема.

Ако останеме конзистентни на оваа стратегија на министерот за финансии, таа нема да даде резултати“, констатира Хајредини.

Министерот Бесими во објаснувањето на „стратегијата“ рече:

„Со добро поставената стратегија за постепено намалување на потребите за ново задолжување за раздолжување преку стеснување на дефицитот и поттикнување на растот и капацитетот за отплата на долговите, можеме да го смениме правецот на кривата на јавниот долг надолу. Треба само да останеме конзистентни на стратегијата и таа ќе даде резултати.“