Наместо да се ослободуваме од етно делењето ние се повеќе заглавуваме во него, реагира професорката Мирјана Најчевска на иницијативата на Алтернатива, на која се приклучија „огнените“ на Изет Меџити дека на Макдонија и била потребна нова територијална поделба и создавање на Асоцијација на албанси општини, по примерот на Српската заедница на општини во Косово.
„Ако Огнените требаа да го претставуваат напредниот дел од ДУИ тогаш нешто многу помешале што е напред а што назад.
Очигледно етничките Албанци во Македонија единствено нешто што можат да понудат на политичката сцена е етно-национализам.
Немаат ни знаење, ни интелектуален капацитет ни политичка визија за ништо друго. До таму стигнале. Некаде на почетокот на 18 век.
Меџити, ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини?
До таму ти е акалот?
Навистина се помалку мислам дека Македонија има шанси да стане демократска држава.
На една страна ВМРО кецарошко и СДСМ корумпирана.
На друга страна албанските партии од кои едни се чиста мафија а другите немаат појма што е граѓанско општетсво.
А во средина граѓаните кои само гледаат да побегнат од вукојебината.
Не сотревте“ објави Најчевска на Фејсбук.






