Вооружените сили на Украина ќе бидат подготвени на пролет да започнат контраофанзива против руската армија, која окупираше големи делови од земјата, изјави денеска заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки.
Тој за германската медиумска компанија Funke Mediengruppe изјави дека точното време зависи од неколку фактори, вклучително и пратките на западно оружје, кое игра многу важна улога во одбраната на Украина од руските напаѓачи.
Целта е да се ослободи целата територија на Украина, вклучувајќи го и Крим.
Руските сили во моментов имаат 1.877 украински градови и села под нивна контрола, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ќе запреме само кога ќе ја вратиме нашата земја на (меѓународно признатите) граници од 1991 година. Тоа е нашата порака до Русија и меѓународната заедница“, уизјави Скибицки
Руските сили контролираат приближно 20 отсто од територијата на Украина.







