Напаѓачот на Абердин и на фудбалската репрезентација на Македонија, Бојан Миовски, со волеј во 44. минута му донесе триумф на домаќинот од 1:0 против Ливингстон во 27. коло од шкотската Премиер лига.



Со својот четврти гол во последните четири првенствени натпревари, вкупно 15. за 23-годишниот штипјанец сезонава, Миовски се зацврсти на третото место на листата на стрелците. Пред него се само Јапонецот Кјого Фурухаши од Селтик со 19 и Шкотланѓанецот Лоренс Шенкланд со 17.