Возач и граѓански активист во шеговит повик до владата бара да не се поправа автопатот Демир Капија – Неготино затоа што дупките на овој автопат биле добри за лекување на камен во бубрег.
,,Вообичаено на автопатов се возеше 120км/ч па намалија на 100, а подолго време ограничувањто е 80. Бидејќи дупките се бајаги зголемени, да ве замолам да го намалите на 40 км бидејќи одамна требаше да го намалите на 60.
Ве молам не го поправајте патот, супер е за камен у бубрег и растресување целулит.
Важно не заборавивте да ги дигнете цените на патарините, кои не треба да цицаат пари додека ги кршиме колите… Бар во нормални земји де”, пишува активистот користејќи висока доза на иронија.






