Портпарол на Републичкиот Судски Совет кој треба да биде независна правосудна институција пишува пропагандни текстови во кои ја критикува ВМРО-ДПМНЕ иако според природата на неговата работа не смее да води пропаганда ниту политика.
Екс новинарот Љубиша Арсиќ кој официјално е портпарол на РСС додека ја врши функцијата во телото кое треба да биде неполитичко и независно објавува текстови во медиуми кои во случајов се насочени против една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Републичкиот судски совет каде двете последни претседателки биле членови на правна комисија и други тела на СДСМ одамна не е партиски и политички независно тело но јавната пропаганда која ја води портпаролот на РСС Љубиша Арсиќ се коси со сите правила за независност на правосудните институции.
Текстот на Арсиќ во кој тој како портпарол на РСС лажно анализира дека ВМРО-ДПМНЕ го легитимира Иван Ванчо Михајлов е пропаганда која не е соодветна ниту за најголемите апологети на СДСМ а уште помалку на портпарол на правосудна институција која тврди дека е независна од политиката.
Пропагандиот текст на Арсиќ го објавуваат повеќе медиуми блиски на СДСМ.

Предходно Арсиќ го бранеше екс премиерот Зоран Заев кога рече дека вирусот на Ковид 19 лебдел во воздухот.





