Лидерот на Третиот Рајх и нацистичка Германија Адолф Хитлер и знамето на германските нацисти се појавува на фотографија од манифестација финансирана од владата на Република Македонија.
Фотографијата на која е Хитлер и нацистичкото знаме ја објавува градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов како дел од ,,Струмичкиот карневал”.
Покрај Хитлер на сликата се појавуваат и луѓе маскирани како Ататурк, Гадафи, Кралицата Елизабета а Костадинов е маскиран во Јосип Броз Тито.
Маскирање во негативни личности од историјата за време на карневали не е непознат феномен во светот но промоција на фотографии со ликот на Хитлер и нацистичкото знаме од страна на активен политичар може за многумина, особено за Евреите, да биде доживеано како промоција на едно од најголемите зла во историјата на светот.
Струмичкиот карневал е финансиски поддржан од министерството за култура на Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ.
Најчитани вести
Незгодна ситуација поради која лидерот на Алијанса може брзо да зажали
Антикорупциска може да му го загорчи влезот на Таравари во власта






