СП: Странска фирма „наплатувала“ од трансакциски сметки на граѓани

Од трансакциска сметка во Стопанска банка на им биле одземани по 20 долари од страна на компанија од која ниту нешто купиле ниту, пак, некогаш нешто плаќале, се жалат вознемирени граѓани на социјалните мрежи, дознава „Слободен печат“.



Од Стопанска банка потврдиле дека имало вакви случаи, но велат дека станува збор за изолирани појави и дека клиентите ќе бидат обесштетени.

„Посочените трансакции се појавени само кај изолиран број картички при што банката веднаш реагираше“, велат од Стопанска банка за Слободен печат..

„За почеток, конкретниот трговец е блокиран за да се спречат идни вакви трансакции, по што банката пристапи кон детална проверка на случајот.

На клиентите веднаш им се бесплатно реиздадени картичките (со нови броеви на картичка), а покрај тоа, Банката дополнително презеде активности – првично да не стигне задолжување на сметката од странство (преку системите на Виза/Мастеркард), а доколку задолжувањето стигне, клиентите ќе бидат обесштетени во најкус можен рок со поврат на средствата со датум на валута“, велат од Банката.