Заменик-претседателот на Беса Арјанит Хоџа не ја исклучува соработката со партијата Алтернатива која произлезе од Движењето Беса по поделбите што се случија поради лошите резултати на локалните избори во 2017 година.
Тој вели дека постои подготвеност за соработка откако Алтернатива де факто ќе биде вои опозиција.
„Кога Алтернатива де факто ќе биде дел од опозицијата, нормално дека нè обединува опозициската визија и ќе бидеме подготвени да седнеме и да зборуваме за вредностите што ги делиме. Доколку делиме истите вредности за тоа како сакаме да ја гледаме државата и иднината на државата, ќе седнеме и ќе разговараме и за други конкретни чекори. Сега е многу рано да разговараме за ова прашање“, вели Хоџа во гостување на „360 степени“.
Хоџа е убеден дека Беса ќе биде изненадување на изборите во позитивна смисла, бидејќи нејзиното „протегање е поголемо отколку што се мисли“.
-Можеби ние ја немаме владината пропаганда што ја имаат во моментот владејачките партии за оцрнување на политичките противници, но верувајте дека тоа што секој ден го гледаме, контактите што ги имаме секој ден, не сте свесни колку од тие што се дел од Владата почнале да разговараат за да ја обезбедат нивната иднина со Беса“. вели Хоџа.
Според Хоџа, Беса нема стратешки партнер. Како што вели, докажале дека единствен стратешки партнер им се само албанските гласачи со што исклучува контакти со најголемата опозициска партија.
„Ние моментално немаме ништо заедничко со ВМРО-ДПМНЕ освен опозициските позиционирања што ги имаме“, изјави потпретседателот на опоЗициската Беса.







