Заменик-претседателот на Движењето Беса Аријанит Хоџа изјави дека сегашната Влада ја претвори политичката сцена во државата во пазарна тезга. Ова Хоџа го кажа во „360 степени“ на ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: Според Аријанит Хоџа, Владата не работи во интерес на граѓаните, туку како да обезбеди еден уште пратеник повеќе, за да си продолжи своето траење до следните избори. „Тоа што се случува во Собранието е многу небитно. Оваа Влада го претвори Собранието, или политичката сцена во пазарна тезга. Овие сега не се борат да имаат јасна визија како државата треба да оди напред. Борбата на партиите на власт денес е како да се обезбеди пратеник повеќе, за да се одржи оваа власт во живот до следните избори.“ – нагласи Хоџа.
„Оваа Влада е Влада на бројки, а не на легитимитет.“ – нагласи заменик-претседателот на Беса и дополни: „Интересот за влегување во неа нема врска со промена на ситуацијата на позитивно, или на граѓаните, туку се однесува само на сместување на некои личности во фотелјите на власта… Во моментот државата е во целосен вакуум… ДУИ е поделена, при што не се знае дали групата што ќе се отцепи е дел од власта или од опозицијата.“
Аријанит Хоџа го повтори ставот на неговата партија дека се потребни избори. „Треба да се вратиме на волјата на населението и тоа да одлучи кој ќе го претставува. Бидејќи, во моментов не е застапена волјата на граѓаните, засега е застапена само волјата на интересната група на некои политички партии, за да се спасат нивните кариери.“ – укажа Аријанит Хоџа, заменик-претседател на Движењето БЕСА.





